Трамп ги номинира менаџерите на „Тесла“ и „Убер“ за свои советници
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека шефовите на компаниите „Убер“ и „Тесла’ ги предложил за членови на својот Стратегиски форум.
Форумот во себе ги вклучува шефовите на компаниите што ќе го советуваат Трамп за тоа како мерките на неговата Влада ќе делуваат врз економскиот раст, создавањето нови работни места и производството, пренесоа француските медиуми.
Трамп номинациите ги соопшти на форумот на Травис Каланик, шефот на „Убер“, и на Илон Маск, шефот на „Тесла Моторс“ и на „СпејсЕкс“, неколку часа пред да се сретне со шефовите на компаниите од Силициумската долина.
Во Стратегискиот форум на Трамп веќе се вклучени Џејми Дајмон, менаџер на банката „Џеј Пи Морган Чејс“, Боб Ајгер, шефот на филмските студија „Волт Дизни“, Мери Бара, шефица на автомобилската компанија „Џенерал моторс“ и Џим МакКерни, шефот на компанијата „Боинг“.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс