Свет
22. August 2019 - 8:41

Трамп: Европските земји да ги преземат своите заробеници од ИД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги предупреди Франција и Германија, како и другите европски држави, дека, доколку не ги преземат своите државјани кои како борци на Исламска држава биле заробени од Американците и нејзините сојузници, САД ќе бидат присилени да ги вратат во земјите од кои дошле.

САД и нејзините сојузници, кажа Трамп, во заробеништво држат „илјадници“ борци на Исламска држава откако ја присилија оваа терористичка организација да ги предаде своите последни упоришта во Сирија, но и додаде дека нема да ги држи во американската база Гвантанамо на Куба, „во следните 50 години и тоа да го плаќа“.

Затоа, јасно порача Трамп, европските земји ќе треба да ги преземат своите државјани кои се заробени како поранешни борци на ИД, наведуваат американските медиуми.