Свет
4. January 2019 - 8:37

Трамп: Ѕидот доаѓа

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно на социјалните мрежи ја употреби репликата од серијата „Игра на престолот“, но овојпат поради ѕидот на границата со Мексико.

На фотографија, која Трамп ја сподели, се наоѓа тој заедно со натписот „Ѕидот доаѓа“, алудирајќи на популарниот слоган од таа серија – „Зимата доаѓа“.

Ова не е првпат американскиот претседател да го употреби тој слоган, со цел да се „пресмета“ со противниците.

Во ноември минатата година заедно со својата фотографија го објави и натписот „Санкциите доаѓаат“, што беше упатено кон Иран.