Свет
28. May 2019 - 8:40

Трамп: Договор со Иран е можно да се склучи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е можен договор со Иран за нуклеарната програма.

-Јас навистина верувам дека Иран би сакал да склучиме договор, мислам дека тоа е паметно од нив и мислам дека има шанса тоа да се случи, изјави Трамп на прес-конференција со јапонскиот премиер Шинѕо Абе во Токио.

-Иран има шанса да биде одлична земја со истото раководство. Не сакаме да го смениме режимот и сакам тоа да биде јасно. Ние само сакаме да нема нуклеарно оружје, рече Трамп.