Свет
28. October 2016 - 21:09

Трамп до крајот на изборната кампања ќе потроши уште лични 10 милиони долари

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп ќе потроши во следните денови до претседателските избори на 8 ноември уште 10 милиони долари лични средства, објавија американски медиуми.

Трамп ги внел денеска парите за целите на кампањата.

Од друга страна, Клинтон на 16 октомври располагала со 62 милиони долари, а кампањата на Трамп – 16 милиони.

Трамп има намера да ги искористи парите за телевизиски реклами во клучни држави.