Трамп денеска првпат застанува пред Конгресот - ќе бара поголем воен буџет
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска првпат ќе се обрати во Конгресот, а една од темите ќе биде и барањето за значително зголемување од речиси девет отсто на воениот буџет на САД, пренесе Танјуг.
Трамп предлага зголемување од 54 милијарди долари за американската војска, односно набавка на нови авиони, бродови, ловци, со истовремено намалување на невоените програми и одвојување на работата на федералните агенции.
Зголемувањето на воениот буџет треба да испрати порака до светот дека Америка е „силна, безбедна и одлучна“.
Тој вети дека фискалниот план ќе се фокусира на „јавната безбедност и националната безбедност“.
Директорот за буџет на Белата куќа, Мик Малвони, изјави дека поголемото издвојување за Пентагон ќе го зголеми воениот буџет на рекордни 603 милијарди долари и тоа не сметајќи ги милијардите долари за воени операции во странство.
Министерството за одбрана, во меѓувреме, на барање на Трамп, до Белата куќа го достави прелиминарниот план за борба против Исламска држава.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење