Свет
22. April 2020 - 17:49

Трамп демантираше дека во САД ќе се појави втор бран на коронавирус

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна денеска дека нема да има никаков посилен втор бран на коронавирусот во САД.

Според него, директорот на Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Роберт Редфилд, кој наводно соопштил за тоа, едноставно бил неправилно цитиран „од лажните вести“.

Во порака на Твитер, Трамп напиша дека Редфилд ќе даде изјава околу ова за кусо време.

Како што се соопшти претходно, директорот на ЦДЦ во изјава за „Вашингтон пост“ истакнал дека во САД се очекува втор бран на Ковид-19 следната зима, и дека тој би можел да биде посилен од првиот, бидејќи ќе се совпадне со почетокот на сезоната на епидемија од грип.