Трамп: Би помогнало доколку наставниците се вооружат
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа сугерираше дека вооружувањето наставници би можело да помогне во спречување на масакри како минатонеделната пукотница во училиште на Флорида, кога беа убиени 17 ученици.
Трамп ја поддржа таквата идеја за време на средбата во Белата куќа со учениците кои го преживеаа масакрот.
- Кога би имале наставник кој е вешт и обучен да ракува со оружје, тоа можепе да го запре нападот многу брзо, изјави американскиот претседател воедно признавајќи дека таквата идеја би предизвикала контроверзи.
Меѓу учениците со кои имаше средба беа и шестмина ученици од училиштето во Флорида каде беше изведен нападот мината недела.
Во меѓувреме, илјадници ученици се собраа пред сојузното собрание во Талахаси, главниот град на Флорида, барајќи измена на законот за оружје. Тие се заканија дека ќе бидат против републиканците кои одбиваат да ги разгледаат новите мерки за контрола на оружје.
- Гласајте за нивно заминување, извикуваа учениците .
Пратениците во Собранието на Флорида одбиваат ограничување на оружјето откако Републиканската партија ја има контролата над парламентот во 1999 година.
Главното барање на учениците - забрана на оружје од типот на пушката АР-15, која ја користел напаѓачот Николас Круз, претходниот ден беше отстрането од дневниот ред на Собранието на Флорида.
- Знаеме што сакаме. Сакаме реформа за оружјето. Сакаме здраворазумски закони за оружје, изјави ученичката Дилени Тар, обраќајќи се пред новинарите.
Таа рече дека учениците разговарале со неколку пратеници, но од нив добиле само „ќе ве имаме во мислите“, „толку сте јаки, толку сте силни“.
Ново на Сител
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''
-
Храната поскапува - Власта уверува дека цените ќе паднат со новогодишната кошница
-
Реставрација на споменици на културата
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот
-
Преглед на вестите од светот