Свет
15. March 2018 - 20:58

Трамп бара Конгресот да изгласа закон со кој пониските даночни стапки ќе станат трајни

Портпаролот на Белата куќа Раџ Шах денеска изјави дека претседателот Трамп бара од Конгресот да одобри новите, намалени даночни стапки да станат трајни.

Поради правилата на американскиот Конгрес, со даночната реформа која беше изгласана во декември новата, намалена даночна стапка за граѓаните ќе важи само седум до десет години по што даноците ќе се вратат на старите, повисоки стапки, доколку Конгресот не донесе нов закон со кој ќе ги направи измените трајни. Шах најави дека ова барање на Белата куќа ќе биде поднесено до Конгресот наскоро, и тоа од страна на Лери Кадлоу, новоименуваниот економски советник на претседателот Трамп.