Македонија
29. August 2018 - 10:27

Тракторист тешко повреден откако изгубил контрола над тракторот

Тракторист од село Крушопек е повреден откако изгубил контрола над тракторот и се превртел. 

Педесет и едногодишниот Ф.М. со тешки телесни повреди е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде му е укажана лекарска помош. 

Несреќата се случила вчера во 11:40 часот на локалниот пат село Нерези - село Крушопек.