Македонија
22. February 2020 - 11:30

Тракторист паднал во бездна длабока 30 метри во тетовско

Вчера во 14.55 часот во СВР Тетово, Х.М.(20) од с.Долно Палчиште, тетовско пријавил дека во 14.30 часот на локален пат с.Новак-с.Јеловјане,тетовско, трактор марка “ИМТ 540“, без регистарски ознаки, управуван од Х.М.(43) од с.Долно Палчиште излетал од патот и паднал во бездна длабока околу 30 метри, при што во незгодата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош е пренесен во Комплекс  Kлиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. 

Увид на месттото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.