Македонија
15. August 2019 - 19:26

Трајковски: Нов сомнеж за „Рекет“ – Јанева повлекла обвинение за директорот на Дрим Билдинг!

Катица Јанева го повлекла  обвинението за ТНТ  против инвеститорот на Космос Адриан Амзовски и директор на фирмата Дрим Билдинг, а по два месеци тој  на сметката на Меѓународниот сојуз на  Боки 13 уплатил 233 илјади евра-обвини поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски на денешното судење за ТНТ.  Токму поради  новите информациите за поврзаноста на Јанева со Рекет, кои ги изнесе обвинетиот Трајковски, во овој случај, побара нејзино изземање.

За аферата Рекет која  секојдневно добива се пошироки димензии, Јанева неофицијално исказ во Обвинителство треба да даде во вторник.

Специјалните јавни обвинители продолжуваат да стојат на стаклени нозе, а згора на тоа Јанева дала наредба за претрес на сите вработени во институцијата, при влез и излез од зградата. Според сведоци, претресена била и Фетаи која била видно изреволтирана, поради ваквата наредба од страна на нејзината шефица, но не добила образложение.

Не може да сфатам како почна да се наредува такви работи откако ние 4 години по судници и секаде се бориме за СЈО, вели Фетаи.

И покрај тоа, од СЈО велат дека официјално од ЈКанева немало наредба за претрес.