Македонија
11. April 2021 - 13:41

Трајче Заев ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со запленетата марихуана

Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви, напиша денеска на својот фексбук профил братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев, во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на МВР во која беше запленета голема количина на марихуана.

-Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви. За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, сакам да го објавам следното: Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви, пишува Трајче Заев.

Тој додава дека е на службено патување од 23 март во Обединетите Арапски Емирати, со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка.

Почитувани Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го...

Posted by Trajce Zaev on Sunday, April 11, 2021