Македонија
18. February 2021 - 21:35

Трајановски: Дали ќе го смените името на улица Македонија и плоштадот Македонија?

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски остро реагираше на најавите за промена на имињата на улиците во главниот град.

Сепак, признава дека на списокот во регистарот има имиња кои заслужуваат да се најдат таму.

Но зошто Петре отворате нова пандорина кутија со што создавате можност многу голема штета на Скопје и на Македонија. По Преспанскиот договор и договорот со Бугарија брзате да ја обезличите Македонија. Или можеби брзате заради нестабилната коалиција па да истерате колку можете, пишува Трајановски на Фејсбук.

Вели дека кога неговата градска администрација ги менувала имињата на улиците целта била да се овековечат луѓе кои дале голем придонес за Македонија и за СКопје.

-Гледајќи ја вашата предлог листа на имиња на улици видов дека има голем број на добри предлози кои заслужуваат улиците да ги добијат нивните имиња, но зачуден сум од големиот број на луѓе кои немаат дадено никаков придонес за Скопје и Македонија, а она што највеќе ме загрижува е тоа што има голем број на луѓе кои работеле против интересите на Македонија. Петре дали со овие предлози целта ви ја избришете милениумската историја на Македонија и да ја направите коминтерновска или Титова творба. Постојано се повикувавте на трснспарентност а за овој предлог не ги консултиравте граѓаните и стручнста јавност, особено историчарите. Дали со ова и угодувате на Грција и Бугарија? Веројатно знаете дека кога еднаш ќе почнете да угодувате крајот нема да се види а се тоа на штета на Македонците, напиша Трајановски.