Трајанов: Од 19 министри во Владата, 10 се Албанци
Во Тема на Денот во Дневникот на Сител, лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов вели дека од 19 министри во Владата, 10 се Албанци. Според него, тоа може да создаде проблеми во вкупните меѓуетнички односи во државата.
“Се плашам тоа да не има рефлексија на вкупните односи на меѓуетнички план. Не сум сигурен околу ова прашање и мислам дека таа формула која е дефинирана во Охридскиот рамковен договор треба да се инкорпорира во Владата.
Кога некој од ДУИ работи во некоја институција тие инсистираат 25% да бидат вклучени Албанци, а таму каде што раководи ДУИ, таму вработените најголем дел Албанци, многу повеќе од она што го предвидува рамковниот договор.“
Обидот да се направи вештачки баланс со воведување на нови министерства без ресор мислам дека нема помине кај граѓаните.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти