Трагично згасната младост: Ирена сонуваше за свадба кога ќе дојде, а ја вратија во ковчег
Нишлијката Ирена Илиќ (27) вчера загина во погонот на фабриката „Леони“ во романскиот град Питешти, кога на неа со автомобил налета 22-годишен колега додека биле на пауза во фабричкиот двор.
Во несреќата се повредени 5 лица, меѓу кои и две српски државјанки Бранка Г. (34) и Александра Р. (29).
Славољуб Илиќ, татко на настраданата девојка е во шок по ненадејната трагедија која им се случи.
-Наместо да ја мажиме, ние ќе ја погребеме. Болка ми ја крши душава. Не можам да зборувам од тага. Очекувавме наскоро да се врати во Србија, а ни стигна оваа ужасна вест од која незнам како ќе се опоравиме, рече Илиќ.
И другите роднините не можат да поверуваат, сите се радувале на нејзината нова работа и подобрите услови,а настадала без своја вина.
Романсктие медиуми наведуваат дека момчето Андреи Карамелеа, кој со автомобилот уби една, а повреди уште две лица на полицијата и е познат од претходно.
-Момчето сакало да се покаже пред работниците. Сакал да прави кругови под рачна, и во еден момент достигнал брзина од 80 километри на час и тогаш изгубил контрола, вели очевидец.
За да го избегне камионот, тој удрил во оградата зад која околу 60 работници биле на пауза.
Ирена одлетала под автомобилот и починала на самото место. Настраданата нишлијка во Романија стигнала недела дена пред тоа, и таму е испратена на усовршување и имала договор на определено време.
Другата верзија од приказната е дека Романецот намерно со возило удрил во групата работници, зошто претходно од истата фирма добил отказ, меѓутоа фирмата ги демантираше овие наоди.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.