Бизарно но вистинито
15. October 2015 - 18:11

Трагично: Бебе преживеало хемотерапија, но загинало на бизарен начин

Кога била четврти месеци бремена, Шана Фикс дознала дека има рак. Одбила да абортира и се подложила на хемотерапија со бебето во себе. Родила здраво девојче Келси …

Нејзината мајка, која имала рак и била бремена, загинала во трагична несреќа само неколку недели пред својот роденден, известува Daily Mail.

Кога била во четвртиот месец на бременост Американката Шана Фикс пронашла грутка на градите кога ѝ бил дијагностициран рак на дојка. Лекарите препорачале прекин на бременоста, но таа одбила тоа да го стори. Низ лекувањето поминувала заедно со своето дете. Келси Фикс се родила на 17 октомври 2011 година како здраво девојче, а и нејзината мајка се опоравила.

Паднала од столче наназад на стаклена витрина

Меѓутоа, Келси загинала кога паднала од своето столче назад на стаклената витрина. Мајка ѝ излегла од собата само две минути порано.

– Ние сме збунети, бидејќи таа толку силно се бореше да дојде до тука. Зошто некој сега би ја земал- се прашува мајката. Таа вели дека заедно со нејзиниот сопруг се чувствуваат празно и само би сакале нивната ќерка да се појави зад аголот и да ја прегрнат.

Двојката се венчала пред 10 години и веднаш сакале да имаат деца. Наскоро ја родила нивната постара ќерка, Тејлор. Од Келси не сакале да се откажат, па со нејзината мајка поминала низ хемотерапијата.

– Таа беше мојата сила – вели мајката, која два месеци по породувањето имала двојна мастектомија, а подоцна и хистеректомија.

Мајката излегла од кујната на помалку од две минути

На денот на несреќата, постарата ќерка Тејлор пливала во семејниот базен, а потоа двете девојчиња требало со мајка им да цртаат во кујната. Шана само накратко излегла да го избрише нивниот ретривер. За помалку од две минути, Тејлор се турнала со нозете од масата и се превртела во високото столче. Кога Шана се вратила во куќата, Келси одела кон неа, а од главата силно ѝ течала крв.

До доаѓањето на брза помош девојчето престанало да дише. Сепак, во болницата почнала повторно да дише, откако лекарите ја оживувале 45 минути. Итно ја однеле во детскиот медицински центар , но 30 минути по пристигнувањето починала.