Џет-Сет
10. October 2017 - 14:59

Трагичната смрт која и понатаму е мистерија: 41 година од загинувањето на Силвана Арменулиќ - еден детаљ и понатаму предизвикува морници

Славната  пејачка Силвана Арменулиќ, загинала во страшна несреќа која се случила на денешен ден, пред 41 година. Нејзината трагична смрт предизвика големо внимание во јавноста, поготово поради бројните мистериозни околности кои ја прателе. 
 
Пејачката загина на 10. октомври 1976 година, а заедно со неа во смрт заминаа нејзината сестра Мирана Бајрактеревиќ и Раде Јашаревиќ, шефот на Народниот оркестар во Белград, кој управувал со возилото. 
 
Нејзината трагична смрт предизвика големо внимание во јавноста, поготово поради бројни мистериозни околности кои ја следеле. Според рекоснтрукцијата на несреќата, на рамен пат Фордот се движел со брзина околу 150 километри на час, а потоа од непознати причини почна да преминува на левата страна, спротивно од коловозната лента  удрил во каминот.
 
Возачот на камионот од далеку ги видел фаровите како брзо му се приближуваат, но мислел дека ќе се престрои на другата лента. Кога сфатил дека ќе дојде до судар, почнал да кочи, но било предоцна. Десната страна на фордот била комплетно уништена и на патниците им немало спас. 
 
Една од мистериите кои зад себе ги остави пејачката е тоа што таа требала да биде во Белград за половина час, а таа тек била на пола пат. 
 
- Секогаш ми е тешко кога морам да зборувам за нејзината смрт. Го прифатив тоа што пишуваше во полицискиот извештај, а подоцна ми рекоа дека можеби и таа управувала со возилото. Сите тие приказни кои се поврзуваат со смртта на Силвана  ги сметам за чаршиски. На секоја годишнина одам на нејзиниот гроб, а некогаш одам и без некој формален повод. И нашата ќерка Гордана секогаш сама го посетува гробот на нејзината мајка, не сака кога е гужва. Не сака да зборува за тоа, што е и разбирливо бидејќи имаше само 12 години кога нејзината мајка загина.  Поставив на гробот два бели гулаби од мермер. Ја паметам како лчичност која безгранично била храбра. Од ништо не се плашеше. Сакаше брз живот ја возбудуваше опасноста. Еднаш во Германија ја затвори вратата од станот, а клучот го оставила од внатрешната страна. Излезе надвор и одеше по раб кој беше 40 сантиметри на висина од 20 метри, и влезе во станот низ прозорецот од тоалетот. Како сопруга и другар беше нежна, внимателна и благодарна, рекол своевремено сопругот на Силвана радмило Арменулиќ.
 
Дина најдобро се сеќава на последниот поздрав со сестрите Силвана и Мирјана. 
 
- Денот почна вообичаено, а Силвана и Мирјана почнале да се спремаат за пат. Требало да појдам со нив, но останав сама за  гледам филм. Кога тргнаа , Мирјана се врати на врвот од скалите и ме бакна, раскажа Дина која после несреќата открила уште еден потресен детаљ. 
- Никогаш не го прочитав извештајот од обдукцијата. Го читаа моите браќа кои ми рекоа да не го правам тоа, рекла таа. 

Мирјана била во шестиот месец од бременоста кога загинала.

Пејачката Лепа Лукиќ на ден на несреќата требало да биде со своите пријатели од моментот кога дознала за нејзината смрт долго не можела да се опорави.

- На денот на несреќата требало да патуваме на заеднички концерт, но јас за прв пат во кариерата се успав. За нејзината смрт дознав од новинарите кои ме разбудија во два по полноќ за да ме прашаат за коментар по повод трагедијата. Почнав да се тресам и да гледам на масата каде стоеја плакати на кои на нив бевме јас и она. Веднаш се напив седати и долго не можев да се помирам со смртта. Од тогаш никогаш во животот не седнав зад воланот, раскажала Лепа во едно интервју. 

И четири децени по трагичното заминување пејачкта која со гласот, убавината и шармот ги помери музичките граници живее низ своите песни кои публиката ги слуша со иста емоција и жар.