Живот
10. December 2017 - 20:33

Трагична смрт на младата пејачка: Пронајдена е мртва во хотелска соба во Доха, само шест дена откако се преселила

Пејачката која со години се бореше со епилепсијата и тумор на мозокот е пронајдена мртва во хотелска соба во Доха.

Имено пејачката Даниела Обенг (32) во  Катар се преселила затоа што во Британија не можела да најде работа откако и ја укинаа финансиската помош.

Момчето на покојната пејачка вели дека Даниела која настапувала под името Деви Ка, заминала на средниот исток откако во нејзината земја не можела да најде работа, откако и ја укинале финансиската помош која ја земала бидејќи со години била болна од епилепсија и тумор на мозокот.

-Таа имала тивки напади, па се проценило дека е способна за работа, но во Британија не можеше да најде работа, па заминала за Доха, раскажува момчето на пејачката.