Балкан
2. March 2017 - 13:49

Трагичен крај: Ова е момчето што си го пресече вратот, ова се неговите последни фотографии

Студентот Никола С. (26) од Ниш синоќа сам на себе си го пресекол вратот, потоа возел 2 километри и се дотепал со стаклот од ретровизорот. Според зборовите на неговиот татко Радомир, Никола бил суво злато и ништо не укажувало на тоа дека ќе дојде до таква трагедија.

-Страдал по смртта на мајката, мислев дека тоа ќе го надмине, се борел со тоа, раскажува таткото на несреќното момче.

Момчето страдало по смртта на мајката која починала пред 10 години. Според зборовите на таткото, постојано стравувал дека ќе остане и без другиот родител и често ноќе станувал, го гледал таткото дали спие, му мерел притисок...

Момчето синоќа му се оттргнал од таткото додека тој се обидувал да му го земе ножот и отрчал до автомобилот. Зад него останала крвава трага. Таткото само го следел со погледот и набрзо повикал полиција и итна помош.

-Патролата веднаш тргнала по возилото во кое било момчето за на време да му пружат помош. Запрен е во Обреновачката улица каде го презела итната помош и тој во многу лоша состојба е префрлен во Ургентниот центар. Починал околу 19.40 часот, соопшти полицијата.

Фотографиите на неговиот Фејсбук профил покажуваат момче кое навивало за Партизан, одел на стадион, навивал, имал многу фотографии со друштвото, со другарки и од излегувањата. Делувал како да ужива во животот. Бил хуман, учествувал и во собирањето пари за едно куче.