Балкан
6. February 2017 - 20:05

Трагичен исход од потрагата: Пронајдени телата на двете момчиња, по третото се трага

Во коритото на реката Лашва утрово е пронајден автомобил ауди во кој имало две тела.

Припадниците на босанската полиција од саботата го бараа автомобилот со кој се превезувале тројца тинејџери од Зеница.

Полицијата потврди дека утрово околу 10 часот во реката е забележана гума од автомобил по што тој е извлечен од водата, а внатре се пронајдени телата на Хусеин Делиќ и Алмен Беговиќ, додека по третото момче од Зеница Амар Козлиќ се уште се трага.

Момчињата исчезнаа во саботата откако излегле од дискотеката „Лабел“ во Витез. По излегувањето од дискотеката им се губи секаква трага. Поради тоа во неделата нивните семејства ја алармираат полицијата и јавноста да се вклучат во потрагата.