ТРАГИ ОД МИНАТОТО

Loading Video...

Драма од редот на најновите класики. Класики кои секогаш буделе и будат интерес кај публиката. Овојпат проследете ја серијата за две вљубени срца, кои злобата ги разделила, а сега едно мало и невино дете повторно ќе ги оживее нивните украдени соништа и ќе ги избрише трагите од минатото.

Фидан е млада девојка која пред пет години ги загубила сопругот и бебето во страшна несреќа. Сега, таа живее скромно со својот болен татко и злобната маќеа, работејќи макотрпно за да го отплати долгот на нејзиното семејство. Младата вдовица сосема случајно еден ден го запознава Топрак и не може да поверува на своите очи. Топрак е идентичен на нејзиниот покоен сопруг.

Тој е млад богаташ, кој се разбудил по пет години поминати во кома. За жал, не се сеќава на ништо од своето минато, а ниту на семејството и вилата во која живее сега. А живее со својата свршеница Ајден, синчето Бурак и доминантната мајка Кериман кои му претставуваат свет на скриени вистини. Средбата со Фидан буди кај него некои навидум згаснати чувства и го пројавува сомнежот за тоа што навистина му се случило. По игра на судбината, Фидан доаѓа да работи во вилата како дадилка на неговото мало синче. Доаѓањето на девојката во тоа семејство ги буди старите спомени и двајцата започнуваат да ја разоткриваат мистеријата за нивното минато. Мистерија која ги разделила, а сега е на чекор повторно да ги спои.