Македонија
30. July 2017 - 12:34

ТРАГЕДИЈА: Загина 27- годишно момче во Скопје

Вчера околу 14 часот 45 минути на улица  „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје, при изведување градежни работи, односно при уредување дворна површина со рачен компресор, 27- годишен Р.М. од село Црешево, скопско, во еден момент паднал на земја.

Тој веднаш бил пренесен во поликлиника Чаир, а од таму со возило на Итна медицинска помош бил препратен во болницата „Систина“, каде од страна на дежурниот лекар во 16 часот 10 минути  била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.