Живот
17. January 2017 - 21:46

Трагедија: Воз прегази тинејџери додека правеле селфи

Двајца тинејџери загинаа додека се обидуваа да направат селфи на железничката пруга во индиската престолнина Њу Делхи.

Групата тинејџери отишле во текот на викендот на пруга во источниот дел од градот за да се фотографираат пред возовите што доаѓале.

Меѓутоа двајца од нив не успеале на време да се тргнат и ги удрил воз, соопшти полицијата.

Локалните медиуми денеска ги објавија деталите од оваа трагедија.

Во студијата која е изработена минатата година се наведува дека во Индија е зголемен бројот на смртни случаи поврзани со селфи отколку во која било друга земја во светот.