Свет
22. January 2017 - 10:25

ТРАГЕДИЈА: Воз излета од шините во Индија - најмалку 26 загинати

Најмалку 26 луѓе загинаа и 50 се повредени откако брз воз во источна Индија излетал од шини.

Седум вагони и локомотива на патнички воз излетале од шините во областа Кунера во близина на крајбрежните држави Одиша и Андра прадеш. Возот имал 22 вагона. Полицијата соопшти дека работи на утврдување на причините за несреќата.