Македонија
18. May 2017 - 13:58

Трагедија во тетовско: Го пронашле мртов во тоалетот

Вчера во 20,55 часот телефонски во СВР-Тетово од лекар од МЦ-Тетово, пријавено е дека во населба Дреновец- Тетово, поточно во куќа лоцирана на ул.„Дреновец Порој“ додека лицето Л.А. (20) од Р.Албанија, бил во тоалетот починал од струен удар.
 
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово.
 
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.