Балкан
20. September 2016 - 19:11

ТРАГЕДИЈА: Во тешка сообраќајка загинаа позната манекенка и црногорски политичар

Во страшна сообраќајна несреќа животот вчера го загуби црногорската манекенка Ксенија Брковиќ. До несреќата дошло на патот Подгорица - Никшиќ, а во сударот учествувале две патнички возила, комбе и теретно возило.

Несреќната 24 годишна манекенка, која по струка била правничка итно била префрлена во болница каде подлегнала на повредите.

Како што јавуваат црногорските медиуми во несреќата загинал младиот црногорски политичар, 24 годишниот Славко Баковиќ.