Трагедија во Струга - шест годишно девојче падна од станбена зграда
Трагедија во Струга.Почина девојче при пад од пети кат од станбена зграда во центарот на градот. Станува збор за 6 годишно девојче кое паднало од балконот на семејниот дом.
Од полициската станица од Струга велат дека
во 12 часот и 20 минути, примено е телефонско известување од Општа болница“за несреќен случај со последица смрт на малолетничка .
Девојчето било во нејзиниот стан заедно со мајка си и малолетниот брат по што во еден момент ја снемало од собите во станот. Мајката започнала да ја бара низ станот но и во соседниот стан каде живеел нејзиниот дедо по што излегле надвор од зградата. Тогаш ја забележале падната под балконот и итно ја префрлиле на хириргија при Општата болница во Струга. Девојчето било примено без знаци на живот ,со сериозни повреди на черепот ,вратот и рбетот,лекарите се обиделе да го реанимираат но безуспешно. повредите биле фатални за малолетното девојче.
Таму била констатирана смрт а по наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на семејството.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи