Балкан
7. April 2017 - 13:24

Трагедија во Србија: Воен авион се сруши кај Шабац

Школско борбен авион „супер галеб Г4“ на Војската на Србија се урна утрово на подрачјето на село Слатина кај Шабац, а еден пилот загинал, пишуваат српските медиуми.

Како што соопштило Министерството за одбрана, кое не ја потврдило уште смртта на пилотот, авионот се урнал околу 10.30 ч во текот на изведувањето на редовна летачка обука.

Во селото се екипи на Итна помош, а полицијата го обезбедува теренот.

Очевидци велат дека авионот ниско прелетал преку селото Варна и дека паднал во близина на помошните објекти на едно домаќинство.

Повредени на земјата немало.

Од Министерството за одбрана наведуваат дека во тек е акција на трагање по исчезнатиот пилот.