Фудбал
18. February 2019 - 14:17

Трагедија во Србија: Фудбалер се сруши на теренот и почина

Младиот 19-годишен фудбалер, Стефан Тодоровиќ починал за време на пријателскиот натпревар помеѓу Слога и Јухор.

Не е прв пат ова да се случи на фудбалски терен, а се повеќе се случува и кај младите фудбалери.

Овој пат несреќниот случај се случи на самиот почеток на натпреварот. Немало никаков контакт меѓу играчите, а младиот играч изненадно паднал на тревата.

Играчите на двете екипи притрчале да му помогнат, но лекарите по доаѓањето констатирале директна смрт.

Според очевидците, Тодоровиќ давал знаци на живот, но за жал не издржал до доаѓањето на итната помош.

Повеќе информации околу причината за смртта на фудбалерот ќе бидат познати после обдукцијата и истрагата.