Македонија
20. July 2018 - 15:08

Трагедија во скопска пекара: Почина маж на лице место

Трагедија се случи вчера во скопска пекара, почина маж додека пренесувал печка. Како што информираат од МВР, вчера околу 9:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Дебарца“ З.П.(54) од Скопје додека пренесувал печка од бурекџилница во подрумска просторија се лизнал по скалите и од здобиените повреди починал на самото место. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.