Македонија
8. September 2017 - 11:36

Трагедија во Скопје: Утринава во пожар загина младо момче

Утринава во 3 часот, во стан на булеварот „Јане Сандански“  во Скопје, од засега непознати причини избувнал пожар. При интервенција на екипа од Бригадата за противпожарна заштита, во станот бил пронајден починат 23-годишниот  Н.Н.  

Смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

 По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.