Македонија
7. March 2018 - 0:09

Трагедија во Скопје: Почина бебе по пад од скршен прозорец во зграда

Бебето паднало од скршен прозор на влез, објави Фокус. Според информациите на овој медиум детето со својата баба се симнувало по скалите на зградата, но во еден момент се отргнало од неа и низ скршениот прозорец на меѓуспратот паднало од 2,5 метри височина.

Инаку, едногодишното бебе починало вечерва по падот од зградата кај што живеело со неговото семејство, на улицата Архиепископ Доситеј во Скопје.