Македонија
6. November 2016 - 11:40

Трагедија во Скопје: Двегодишно дете почина по рутинска операција на кила

По рутинска операција на кила на Клиниката за детска хирургија во Скопје почина двеипол годишно дете од Жировница.

Врз починатото дете не е направена обдукција по барање на родителите, поради што не се знаат точно причините на неговата смрт.

Настанот се случил на 28 октомври, по што на е формирана комисија која треба уште еднаш да го прегледа детално случајот и во понеделник да достави извештај.

Детето на Клиниката за детска хирургија било примено ден претходно, со температува и било испратено на анестезиолошки преглед. Ноќта добило сируп за намалување на температурата и дента било оперирано. 

Операцијата се оддолжила со часови како и неговото будење потоа.

Детенцето не било разбудено во операционата сала, туку на интензивна нега, но се чувствувало подобро и било префрлено на одделение.

Состојбата нагло му се влошила ноќта кога почнало да повраќа пена и да плука крв. Починало на Карил еден час подоцна.

Бидејќи не е направена обдукција се претпоставува дека детето умрело од срцева слабост и белодробен едем.