Свет
1. April 2018 - 18:42

Трагедија во Швајцарија: Загинаа три шпански скијачи, а двајца се повредени

Тројца шпански скијачи загинаа, а двајца се повредени во снежната лавина на швајцарски Алпи, соопшти денеска полицијата на југозападниот кантон Вале.

Несреќата се случила вчера во близина на местот Фиш, а спасувачката служба до доцна во ноќта трагаше по преживеаните скијачи.

Кантоналната полиција уште во четвртокот вечерта на својата интернет страница ги предупреди скијачите од опасност од лавина.