Македонија
14. January 2020 - 11:08

Трагедија во с. Миладиновци - загина млада девојка, а две лица се борат за живот

Трагедија на железничката пруга, почина 17-годишна девојка. Според информавиите на МВР;  рано утринава  во 01.30 часот на крстосницата од ул.„2“ и ул.„10“ во с.Миладиновци и локален пат за с.Бујковци, кај железничката пруга, патничко возило „цитроен ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(20) од Куманово, излетало од коловозот. На местото на незгодата починала 17 - годишна сопатничка од Куманово, а со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште една сопатничка, Т.П.(19) од Куманово, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.