Свет
15. November 2017 - 11:36

Трагедија во Русија: Се урна авион, преживеа 4-годишно дете, останатите патиници загинаа

При пад на мал авион Л-410  на подрачјето на градот Нељкан, Хабаровска област на истокот од Русија, загинаа осум лица, соопшти Министерството за вонредни ситуации во земјата.

-Осум лица загинаа, додека едно дете преживеа и е хоспитализирано со тешки повреди, соопшти претставникот на рускиот ресор.
 
 
Истражниот комитет разгледува три верзии за падот на авионот: лошите временски ислови, пилотска грешка или техничка неисправност.