Свет
26. December 2019 - 20:50

Трагедија во Русија: Двајца загинати, 15 повредени - автобус излета од патот и се преврте

Две лица загинаа, а 15 се повредени кога патнички автобус излетал од патот во рускиот регион Липецк, соопшти денеска портпаролот на службата за вонредни ситуации.

Според неговите зборови, до несреќата дошло кога возач на автобусот изгубил контрола над воланот по што автобусот излетал од патот и се превртел, пренесува Тасс.

Во моментот на несреќата, во автобусот имало 17 лица, а 15 успеале сами да излезат од возилото.