Македонија
7. September 2020 - 11:06

Трагедија во Радовиш – дедо со трактор си ја прегазил 16-годишната внука

Шеснаесет годишно девојче починало откако било прегазено од тракторот кој го управувал нејзиниот дедо. Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера во радовишкото село Габревци. Портпаролката на СВР Струмица вели дека малолетничката починала на лице место.

„Малолетничката паднала и била прегазена од полуприколката по што веднаш починала, соопшти Хризантема Рендевска, портпарол на СВР Струмица. 

На местото на несреќата увид извршил јавен обвинител и екипа на Полициската станица од Радовиш.

 

Александар Спасовски