Македонија
10. October 2016 - 13:55

Трагедија во Прилеп: Загинал превезувајќи дрва со трактор

Бизарна несреќа со трагичен крај викендов во Македонија. Во текот на вчерашниот ден, во 15 часот било пријавено дека во атарот на селото Дебреште, 46-годишниот М.А. од Дебреште, движејќи се со трактор „ИМТ 533“ со прилепски регистарски ознаки, со приколка натоварена со дрва, по удолница, во еден момент се излизгал, по што се превртел.

Од падот М.А. се здобил со повреди во пределот на главата, по што со приватно возило бил пренесен до селото Долнени, од каде со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Прилеп, кадеза жал починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полицијата во Прилеп.