Македонија
30. May 2016 - 16:55

Трагедија во Прилеп: 35 годишна жена загина во тешка сообраќајна несреќа

Триесет и пет годишната Јулијана Ујгуноска од прилепското село Боротино е жртвата од сообракајката која се случи ноќеска околу еден часот во прилепската населба “Сточен пазар”, додека нејзиниот осум години постар сопруг, Рубинчо, кој управувал со возилото “опел астра”, се здобиил со животно-загрозувачки телесни повреди. Брачниот пар се враќал од матурска прослава кога Ујгуноски изгубил контрола врз возилото, удрил во оградата од мостот, по што автомобилот завршил во реката. Јулијана починала на лице место.
    
Телото на починатата, по налог на истаржен судија предадено е на обдукција, додека за животот на повредениот сопруг лекарите и понатаму се борат. Инаку, според жителите од околните куќи, кои не сакаа да збориваат во камера, автомобилот се движел со многу голема брзина, сосема неприлагодена за тие услови на патот.
Истрагата, за утврдување на причините за страшната несреќа, продолжува.