Трагедија во Париз: Маж загинал возејќи електричен тротинет
Маж кој возел електричен тротинет на автопат во близина на Париз бил удрен од моторциклист, по што починал во петокот вечерта, соопштија пожарникарите.
Триесетгодишен маж кој не носел кацига бил удред од моторцикл кој возел зад него, кратко по полноќ, додека се возел на автопатот А86 југо-западно од Париз, изјавил командант на противпожарната служба во Ивелинес.
Не е познато зошто човекот влегол на автопатот, каде тротинетите се забранети.
Жртвата починала веднаш откако болничарите пристигнале, додека пак мотоциклистот бил во несвест и однесен во болница.
Инцидентот се случи неколку месеци откако 25-годишен маж на електричен тротинет загина исто така во Париз. Во април, пешак почина откако беше удрен од електричен тротинет во централна Франција.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење