Македонија
5. October 2016 - 17:42

Трагедија во Охрид - 26-годишен кошаркар од САД почина на тренинг

Трагичниот настан се случил синоќа околу 22 часот во текот на првиот тренинг во новата средина за 26-годишното момче

Смртен случај во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид. Според полициски извори, станува збор за 26-годишен кошаркар од САД кој допатувал во Македонија како засилување за второлигашот АВ Охрид. Трагичниот настан се случил синоќа околу 22 часот во текот на првиот тренинг во новата средина за момчето. 

На помош веднаш пристигнала екипа на итната медицинска помош, но, за жал, не успеала да го спаси несреќното момче.

Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, информира дека на телото на починатиот не се пронајдени траги на насилство, а причините за смртта ќе бидат познати по извршената обдукција.