Македонија
14. September 2018 - 13:09

Трагедија во Неготино: Родители го пронашле синот мртов

Во Полициската станица Неготино, вчера попладне од Итна медицинска помош било пријавено дека во тоалетот во сопствената куќа на улица „Васка Калајџиска“  од родителите бил пронајден починат М.Т. (26).

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.