Балкан
11. August 2019 - 8:52

Трагедија во Националниот парк Крка: Маж и жена пронајдени мртви, се утврдува како настрадале

Во попладневните часови вчера се случи трагедија во Националниот парк Крка. Од се уште неутврдени причини настрадаа маж и жена.

Полицијата околу 15 часот прими дојава од чуварот од Националниот парк Крка дека се удавиле две лица. Тие се пронајдени на длабочина од 3 метри. На чуварот, за трагедијата го известиле посетители на Националниот парк.

Соопштено е дека на подрачјето на Скрадински бук во Националниот парк Крка, настрадале две лица од засега неутврдени причини. Полициската управа шибенско-книнска е на терен за да се утврдат околностите на несреќниот настан и идентитетот на настраданите.