Македонија
15. November 2018 - 17:14

Трагедија во Македонски Брод: Маж починал откако паднал од орев

Вчера околу 16 часот било пријавено дека во Македонски Брод, во атар на село Драгов дол Д.Л. (55) од Македонски Брод, паднал од орев и се здобил со повреди.

Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Медицински центар Прилеп каде лекар констатирал смрт.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.