Македонија
4. December 2017 - 11:05

Трагедија во Македонија: Жена почина на лице место

Трагедија се случила вчера во 11 часот и 30 минути во Тетово кога 71-годишната У.Ј. од Тетово го загуби животот откако  била прегазена од автомобил на улицата „Видое Смилевски Бато“ во Тетово.

Од полицијата информираат дека вчера околу 11:30 часот, 34 годишниот А.И. управувајќи автомобил „Опел Вектра“ удрил во жената која се здобила со тешки повреди и била пренесена во болница, но докторите можеле само да констатираат смрт.

Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и екипи од СВР Тетово.