Македонија
15. November 2017 - 21:52

Трагедија во Македонија - загина една жена

Вечерва во 19 часот и 30 минути на улицата „Македонски Гемиџии“ на спојот со Боримечка се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, потврди за Шеталиште портпаролот на СВР Битола, Лефтерија Миленковска.

Во сообраќајката „Мерцедес“ со грчки регистарски таблици управуван од 56-годишен грчки државјанин удрил во пешак, 67-годишна жена од Битола која загинала на самото место.

Истражен јавен обвинител излегол на местото на настанот, а заедно со увидна екипа на СВР Битола е извршен увид на настанот.