Македонија
22. July 2018 - 18:38

Трагедија во Македонија, три лица загинаа: Вака изгледа „Голфот“ откако беше удрен од товарен воз во кумановско

Три лица од скопско Арачиново, загинаа денеска откако товрен воз удрил во автомобил „голф“ на преминот кај кумановско Романовце, потври МВР.

Несреќата се случила во 11.45 часот пред железничкото стојалиште „Превој“ помеѓу железничките станици Куманово и Романовце на одбележан железнички патен премин.
 
Во „голфот“ со скопски ознаки, удрил товарен воз на „Македонски железници“. Во несреќата загинале возачот Н.Б и сопатничките С.Б и З.Б, а четвриот сопатник И.Б успеал да скокне од возилото пред ударот. 
 
ФОТО: ТВ21.