Македонија
29. March 2019 - 12:08

Трагедија во Македонија - се превртел со трактор и починал на лице место

Педесетгодишниот К.Ј од росоманското село Сирково загинал денеска околу седум часот, откако се превртел тракторот со кој управувал, на стариот пат од селото кон Росоман.

Тој починал на лице место како последица на здобиените повреди, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.